Дома Фудбал Останато Прашање до Кавани и Нејмар: Што ќе направевте да бевте во ситуацијата на Трезеге и Дел Пиеро?

Прашање до Кавани и Нејмар: Што ќе направевте да бевте во ситуацијата на Трезеге и Дел Пиеро?

Едисон Кавани и Нејмар овие денови се во центарот на вниманието поради фамозниот пенал во натпреварот против Лион.

Да потсетиме, Нејмар му пријде на Кавани и побара да го изведе пеналот, но Уругваецот тоа го одби, шутираше и промаши.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Подоцна Нејмар се жалеше кај сопствениците на ПСЖ и бараше Кавани да биде продаден, а како резултат на нивниот конфликт на роденденот на капитенот на тимот Тијаго Силва присуствуваа сите освен Кавани. Значи, јасно е, Кавани и Нејмар не се во добри односи и сето само поради еден пенал во натпревар кој веќе беше одлучен, бидејќи клубот од Париз веќе имаше предност од 2:0.

Но, таков е денешниот фудбал. Ќе те платат 222 милиони евра, а ти возвраќаш со проблеми поради само еден пенал. Кавани е тој кој сепак има поголемо влијание во клубот, бидејќи неколку години е дел од ПСЖ.

Како и да е, сигурно не убаво двете големи ѕвезди да бидат во конфликт. Сега да се вратиме во 2008 година и да се потсетиме како две фудбалски икони решија ваков сличен проблем.

Јувентус играше против Сампдорија, последен натпревар во сезоната, Алесандро Дел Пиеро и Давид Трезеге имаат по 19 погодоци и се борат за титулата најдобар стрелец. Досуден беше пенал и наместо расправија и проблеми, тие ситуацијата ја решаваат на другарски начин.

Трезеге го препушти пеналот на Дел Пиеро кој беше прецизен, на крајот титулата за најдобар стрелец ја освои големиот Алекс.

Но, ете, ова е само еден пример како две легенди одлучија меѓусебе, а Нејмар и Кавани сепак се дел од некое време каде што личните интереси се ставаат пред клубските.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…