Македонскиот фудбалер Лука Станковски е дел од тимот на турски Газиантеп, градот кој беше најпогодениот од земјотресот кој предизвика катастрофа во Турција. Станковски утрово во изјава „Спортски.мк“ потврди дека за среќа во време на земјотресот тој бил тука во Скопје бидејќи добил два слободни дена од клубот. „Завчера игравме натпревар во Анталија и веднаш по натпреварот добивме два слободни денови, …