Maкедонскиот младински репрезентативец и досегашен фудбалер на Работнички, Лука Станковски од денес и официјално е нов играч на турски Газиантеп.
Турскиот суперлигаш успеа да го доведе Станковски кој важи за еден од најталентираните и најквалитетните фудбалери во Македонија. Со само 19 години тој беше стандарден првотимец на Работнички, одигра две сезони во најсилната македонска конкуренција и сега оди на едно повисоко ниво.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Слободно може да се каже дека Работнички е клубот кој најдобро работи на трансфер пазарот затоа во изминатите години за одлични суми беа продадени и Елиф Елмас и Давид Тошевски.