Манчестер Јунајтед со 5:0 го декласира Клуб Бриж и се пласира во осминафианлето од Лига Европа. Уште една одлична партија одигра новото засилување Бруно Фернандеш, кој го отвори резултатот од пенал. Португалецот покажа ладнокрвност и на маестрален начин го изведе пеналот.
