Македонската фудбалска репрезентација во Скопје ги продолжува подготовките за натпреварот против Бугарија во понеделник. Тој дуел е последен во Лигата на Нации, каде за жал не успеавме да го обезбедиме лидерското место. Поразот од Грузија во петокот, значеше прво место за грузијците и борба за втората позиција за Македонија и тоа токму против Бугарија. А можеше да биде многу поразлично …