Дома Македонски спорт Ристовски: Жалиме што повторно изгубивме на наши грешки

Ристовски: Жалиме што повторно изгубивме на наши грешки

Со вчерашниот пораз од Грузија згаснаа надежите на Македонија за прво место во групата од Лига на Нации кое води во плеј-офот за Европското првенство во 2024.

Со многу проблеми репрезентацијата во Тбилиси беше поразена со 2:0. Своето мислење по поразот го изнесе напаѓачот Милан Ристовски.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Жалиме што повторно загубивме на наши грешки, исто како и на дуелот во Скопје. Некои грешки се повторија, а имаше и неочекуван пад на концентрацијата. Заслуживме повеќе од овој натпревар, имаме квалитет, но сега не ни останува ништо друго освен да се одмориме добро, да ги анализираме тие грешки и да пробаме да ги поправиме во Скопје.

Фаворит во фудбалот не постои. Сигурно дека ќе има психолошки пад во нашата енергија, но се надевам дека ќе го пребродиме тоа и ќе извојуваме победа над Бугарија“, рече помладиот од браќата Ристовски“, изјави Ристовски.

Грузија вторпат на сличен начин ја победи Македонија и во Скопје добар дел од натпреварот ние бевме подобрите на теренот, а кога не ги реализиравме шансите следуваше казна и пораз од 3:0.

Последниот натпревар во групата го играме против Бугарија в понеделник во Скопје и тоа е натпревар за борба за второто место. Ние имаме седум бодови на втората позиција, Бугарија шест на третата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Гвардиола не се опушта: Тоа што му се случи на Ливерпул, може да ни се случи и нас

По убедливата победа на Манчестер Сити над Брајтон тимот на Пеп Гвардиола е уште еден чеко…