Третиот светски тенисер Александер Зверев шокантно испадна во првото коло на Вимблдон, а потоа уште повеќе изненади со откривањето дека има ментални проблеми надвор од теренот. Зверев во вторникот навечер, по поразот од Артур Риндеркнех, изјави дека се чувствува многу осамено во животот и размислува за терапија. „Никогаш порано не сум се чувствувал вака празно. Понекогаш се чувствувам многу осамено. …