Дома Бокс Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Тајсон ги изненади навивачите: Не се сеќавам на борбата против Пол

Мајк Тајсон минатиот месец се бореше во својот прв професионален меч по речиси 20 години. Колку и да фасцинираше со одличната форма и физичката трансформација што ја покажа на снимките од тренинзите, толку разочара со непрепознатливо очајна изведба во рингот. Џејк Пол (27), јутјубер и инфлуенсер, го победи Тајсон со одлука на судиите по осум рунди.

Еден од најголемите боксери на сите времиња сега откри: „Не се сеќавам баш на борбата. Малку се онесвестив. Се сеќавам на почетокот на втората рунда, Џејк нешто правеше… (Пол тогаш се поклони на Тајсон), не разбрав точно што. Тоа е последниот настан од борбата што го паметам.”


Тајсон додаде кои се неговите единствени спомени од борбата: „Не се сеќавам колку беа силни ударите на Џејк. Но целото тело ме болеше по борбата. Градите ми беа многу воспалени, чувствував и болка во стомакот. Ѝ реков на жена ми кога се разбудив утрото по борбата: „Зошто се борев?’ Не знам што се случуваше.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Непоразената американска ѕвезда брутално нокаутирана

Младиот американски боксерски талент, Дилан Прајс (26), доживеа тежок нокаут на натпреваро…