Дома Фудбал Останато Tројца од најскапите пет фудбалери во светот играат во Реал Мадрид

Tројца од најскапите пет фудбалери во светот играат во Реал Мадрид

Oд година во година фудбалерите стануваат се поскапи, па така сега аналитичарите на „ЦИЕС“ направиле пресек на вредноста на актуелните фудбалски ѕвезди.

На врвот во овој момент е Џуд Белингам што и не е некое изненадување ако се погледне во каква форма игра англискиот фудбалер. „ЦИЕС“ го процени Белингам во овој момент на вредност од 267.5 милиони евра, додека зад него следи Норвежанецот, Ерлинг Халанд со 251.2 милиони евра.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


На третата и четвртата позиција одново следуваат два фудбалери на „кралевите“. Винисиус со вредност од 250.3 милиони и Родриго со 247.9 милиони евра.

Во топ 5 е уште Сака од Арсенал со 223 милиони евра. Така дури тројца од најскапите пет фудбалери играат во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларен гол: Фудбалер на Шкендија погоди со „бомба“ од далечина! (Видео)

Фудбалерите на Шкендија на полувреемто од натпреварот со Тиквеш во Купот на Македонија има…