На социјалните мрежи се појави фотографија од третиот дрес на Челзи за наредната сезона и тој многу потсетува на домашниот со кој оваа сезона игра Кристал Палас.
Дресот кој се појави на социјалните мрежи содржи сини вертикални линии со бројот три во средината што ја означува фрмата „Тhree“ која се занимава со телефонски услогу. Челзи со оваа компанија договори соработка на три години и нивното лого ќе го носи од наредната сезона. Дресот ќе биде во изработка на техничкиот спонзор на клубот од „Стенфорд Бри“, „Најк“.
Chelsea’s 2020/2021 Third Kit Design, which will feature gradient stripes.
— TweetChelseaUK (@TweetChelseaUK) February 15, 2020
[Via @Footy_Headlines] pic.twitter.com/7V7hgsxy5V