Дома Фудбал Останато Tрансферот на ветеранот Енди Керол беше изненадувачки, но уште поголемо изненадување е неговата плата

Tрансферот на ветеранот Енди Керол беше изненадувачки, но уште поголемо изненадување е неговата плата

Англискиот напаѓач, Енди Керол во средината на септември потпиша за Бордо кој поради банкрот претходно беше исфрлен во четвртата француска лига.

Керол во Бордо игра за само 3.500 евра месечно, која е минималната плата која може да ја добие според правилата, но не е таму за парите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Да бидам искрен, повеќе ме чини што играм за Бордо отколку што заработувам, но никогаш не ми било до парите во мојата кариера. Среќен сум само да играм фудбал, сакам да бидам дел од историјата на овој клуб“, вели Керол.

Бордо не тргна најдобро во новата сезона, во моментов е претпоследен на табелата, но има два меча помалку од повеќето тимови.

Керол во претходно коло му донесе реми на Бордо со два гола. Францускиот клуб губеше со 2-0, Англичанецот влезе во игра од клупата двапати погоди и израмни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…