Братот на Ромелу Лукаку, Џордан имаше договорен трансфер од редовите на Лацио во Премиерлигашот Њукасл, но целата зделка пропадна во последен момент.
Лукаку во текот на вчерашниот ден пристигна на прегледи во Англедија и ги поминал, останало само да се стави потпис на договорот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тој требаше до крајот на сезоната да игра како позајмен фудбалер во Њукасл, но англискиот клуб потврди дека тоа нема да се случи.
„Џордан Лукаку во петокот пристигна во клубот откако доби дозвола од Лацио. Сепак, на крајот одлучено беше да се врати во Рим. Му посакуваме се најдобро“, стои во соопштението од Њукасл.
Клубот не открива зошто е пропаднат трансферот. На Островот се шпекулира за две причини – слаби резултати на прегледите и финански детали од договорот.