Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Чурлинов пред потпис, Јуве во офанзива на Погба, Баерн купи голман!

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Чурлинов пред потпис, Јуве во офанзива на Погба, Баерн купи голман!

И денес сме тука да ве известуваме за се што се случува на трансфер пазарот, утрово имаме и една вест поврзана со македонски фудбалерследете не и бидете во тек.

Да започнеме со нашиот Дарко Чурлинов. Германски „Билд“ тврди – најмладиот дебитант во македонската репрезентација е пред трансфер во Штудгарт! (тука)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луис Нани открива како во последните минути во 2014 година му пропаднал трансфер во Јувентус. (тука)

Лестер испрати понуда од 30 милиони евраза Мерих Демирал од Јувентус, меѓутоа понудата италијанскиот шампион експресно ја одби. Се споменуваше и Борусија Дортмунд, но Јувентус нема намера да се откаже од услугите на турскиот фудбалер.

Официјално: Баерн му доведе конкуренција на Ноер! (тука)

Важна вест од Островот за сите кои се интересираат за Вилфред Заха. Заха за негов нов ангет го избра Пини Захави прв клуб кој застана во редот е Челзи кој би можел да отвори преговори.

Ветеранот Робињо изгледа ќе го напушти Башакешир поради слабата форма, Бразилецот е пред трансфер во Иран. (тука)

Лацио добива аргентинско засилување. Во Рим пристигнува играчот за врска Гонзало Ескаланте. Ескаланте ќе го засили Лацио на лето кога ќе пристигне како слободен играч од Еибар.

Плановите на Солскјер за јануари: Тројца да заминат, за да се доведат две засилувања! (тука)

Јувентус влегува во трката за Погба, спрема пари и Рабио! Сумата е истата која ја плати Манчестер Јунајтед за да го доведе на „Олд Трафорд“. (тука)

Поранешниот репрезентативен англиски голман Џо Харт во текот на зимскиот преоден рок би можел да ја засили Астон Вила.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека за Ченгиз Ундер се интересира Евертон. Но, Рома за играчот кој во изминатата полусезона настапи на само седум натпревари бара дури 40 милиони евра.

Дени Дринквотер кој беше важен дел од онаа епска, шампионска генерација на Лестер доби отказ од Барнли после само шест месеци каде што беше на позајмица. (тука)

Вулверхемптон ќе ја прекина позајмицата на Хесус Ваљехо. Ваљехо ќе се врати во Реал, но никој не очекува таму да остане. (тука)

Oфицијално: Матија Дестро е ново засилување за Болоња.

Синиша Михајловиќ го коментираше трансферот на Ибрахимовиќ и откри дека Швеѓанецот го побарал кога ја донел конечната одлука. (тука)

Според информациите од Шпанија Барселона донела одлука да го продаде Осман Дембеле и му одредила цена од 100 милиони евра. (тука)

Официјално: Фелипе Визеу е нов соиграч на Илија Несторовски во Удинезе. Визеу во Удине доаѓа од Параненсе.

Ајакс се обидел да го врати Јан Вертонген, меѓутоа фудбалерот побарал преголема плата и нема да има ништо од оваа зделка.

Нови информации за Пол Погба пренесува „Тајмс“. Според информациите на овој медиум неговите соиграчи од Манчестер Јунајтед се убедени дека тој ќе си замине од клубот.

Откако во текот на вчерашниот ден се најавуваше дека Матиќ е на излезни врати од клубот, денес Солскјер го потврди спротивното – Матиќ останува!

Вакво нешто ќе видиме само на Балканот: Претседател на српски прволигаш ги стави сите играчи на продажба! (тука)

Откако утрово пристигна веста дека Јувентус е спремен да го вклучи Рабио во понудата пристигна демант од Торино – Рабио не е на продажба!

Зинедин Зидан доби прашање за Погба, еве го неговиот одговор: Нема ништо да кажам. Погба е играч на друг и во овој момент е малку повреден, се надевам дека брзо ќе се опорави. Јас се грижам за моите играчи.

Се огласи агентот на Дејан Кулушевски и потврди – Јувентус го победил Интер! Сега е потврдено дека и „нероаѕурите“ се обидувале да го доведат Кулушевски во своите редови. (тука)

Ако му веруваме на „Гоал“ Манчестер Јунајтед ова зимо ќе се обиде да доведе некој од Тимо Вернер и Раул Хименез.

Галатасарај е новиот клуб кој се распрашува за Евер Банега претходно интерес за него покажуваа Фиорентина и Бока Јуниорс.

Лестер не се откажува од Мерих Демирал. Откако утрово се појави вест дека Јувентус ја одбил понудата од 30 милиони евра, од Лестер испратиле понуда со позајмица со опција за откуп на крајот од сезоната. Лестер е упорен, но ќе видиме каков сега ќе биде одговорот на Италијанците.

Фелипе Визеу Удинезе веднаш ќе го испрати на позајмица во Атлетико Параненсе.

Додека се шпекулира за Пол Погба на Островот пристигнуваат вести дека Јунајтед е заинтересиран за Тод Кантвел од Норвич.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…