Дома Трансфер зона Се огласи агентот на Кулушевски и потврди – Јувентус го победил Интер!

Се огласи агентот на Кулушевски и потврди – Јувентус го победил Интер!

Интер сакал да го доведе Дејан Кулушевски, но на крајот играчот на Парма потпиша за нивниот голем ривал Јувентус.

Со денови во Италија се пишуваше за тоа каде Кулушевски ќе ја продолжи кариерата, во еден момент Интер изгледаше како фаворит за неговиот потпис, сепак Јувентус ја победи конкуренцијата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Агентот на Кулушевски, Стефан Сем сега во разговор за „Спортива“ откри како Интер останал без потписот на неговиот клиент.

„Сите сте запознаени дека Интер направи напори да го доведе Кулушевски. Имаше неколку понуди и надвор од Италија, но Дејан сакаше да оди во Јувентус. Технички гледано може да игра за Јувентус и оваа сезона, меѓутоа тој е среќен што ќе остане во Парма до крајот на сезоната, не сакаше да си замина на половина од сезоната. Ќе видиме како ќе се развива ситуацијата во наредните години“, изјави Сем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …