Често пати сме сведоци на чудни и интересни приказни од Балканот поврзани со спортот, а сега една таква ни доаѓа од Србија.
Српските медиуми на големо ја пренесуваат изјавата на првиот човек на клубот Јавор, Драгомир Лазовиќ. Лазовиќ незадоволен од она што го прикажуваат фудбалерите кои ги плаќа на теренот ги стави на продажба и тоа – сите!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој играч на Јавор е на продажба“, гласеше изјавата на Лазоввиќ во текот на новогодишните празници.
Во овој момент Јавор се наоѓа на 12. позиција на табелата во Суперлигата на Србија со 20 освоени бодови. Есенскиот дел до сезоната го заврши со четири порази во низа.