Дома Фудбал Италија Михајловиќ за трансферот на Ибрахимовиќ: Ќе беше подобро да ја избереше Болоња, но остана верен пријател

Михајловиќ за трансферот на Ибрахимовиќ: Ќе беше подобро да ја избереше Болоња, но остана верен пријател

Златан Ибрахимовиќ и официјално се врати во Милан иако како и што кажа самиот имаше повеќе понуди.

Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“ пристигна како слободен играч откако минатиот месец му истече договорот со ЛА Галакси. Швеѓанецот се поврзуваше со неколку клуба од Серија А и на крајот потпиша за Милан.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во игра за потписот на Ибрахимовиќ беше и Болоња која од клупата ја води неговиот пријател Синиша Михајловиќ. Иако Болоња преговараше со Ибрахимовиќ на крајот Златан не се пресели кај Михајловиќ.

Според Михајловиќ Болоња ќе била подобра опција за Златан.

„Разочаран сум бидејќи верувам дека тука ќе му беше по забавано. Ќе беше одлично за него, но и за градот и клубот да дојдеше овде. Не му замерувам што не дојде бидејќи тука имаше многу фактори. Мораше да го слуша и семејството и тоа е во ред. Ме побара пред да ја донесе конечната одлука и ми кажа што одлучил. Го одржа зборот и остана верен пријател. Сега сме повторно ривали и ќе дадеме се од себе да го победиме Милан“, изјави Михајловиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…