Дома Топ вести TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Jaнг го одби Јунајтед, се огласи агентот на Бејл, Адеми може во Ла Лига

TРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Jaнг го одби Јунајтед, се огласи агентот на Бејл, Адеми може во Ла Лига

И денес со нас следете се што се случува на трансфер пазарот!

После вчерашната вест дека Интер може да го договори Ешли Јанг како слободен играч на лето, денес добиваме реакција од Манчестер Јунајтед – „црвените ѓаволи“ му нудат нов договор! (тука)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Ибрахимовиќ го напушти ЛА Галакси клубот од САД е во потрага по негова замена, фаворит засега е Хавиер Ернандез Чичарито. (тука)

Бетис размислува за Арјан Адеми!

Халанд има посебна клазула во договорот со Борусија Дортмунд! (тука)

Џејсон Медисон од Лестер подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед, а сега во игра за засилување на тимот на Солскјер влезе и напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик. (тука)

Најскапо засилување во историјата на Еспањол! Еспањол за 22 милиони евра го купи поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Раул Де Томас.

Според информациите на „Билд“ Милан се откажал од намерата да го доведе Жан Клер Тодибо и сега како единствена опција останува германски Шалке кој го следи веќе подолго време.

Барселона испратила официјална понуда за Матеус Фернандез (23). Каталонците сакаат Фернандез да го добијат за шест милиони евра, наводно Палмеирас е спремен да ја прифати таа понуда. Проблем прави Ботофаго клуб со кој Фернандез се уште има договор.

„Ако ме сакаат ќе останам, би бил среќен да останам. Убаво ми е тука, ќе разговараме кога сезоната ќе заврши“, изјави Икарди кој во ПСЖ игра како позајмен фудбалер од Интер.

Нема договор! Хасан Салихамиџиќ потврди дека Баерн ова зимо нема да се обиде да го доведе Лерој Сане. Ќе потсетиме, Сане беше блиску до Баерн во текот на летото, но после повредата во Комјунити Шилд Баерн се откажа од трансферот.

Дел од медиумите во Италија пренесуваат дека Милан покажал интерес за играчот на Интер, Матео Политано.

Поранешната голема надеж на Челзи и Манчестер Сити Скот Синклаир потпиша договор со тимот од Чемпионшип, Престон. Престон во овој момент се наоѓа на 10. позиција.

„Скај Спорт“ пренесува дека на Островот се води голема борба за играчот на Бенфика, Жедсон Фернандез. Челзи, Манчестер Јунајтед и Вест Хем немаат намера да се откажат од обидите да го доведат во овој преоден рок.

Најнова вест поврзана со Ешли Јанг! Фудбалерот ја одбил понудата од Манчестер Јунајтед и сака трансфер во Интер.

Лајпциг зимово нема да се изјасни за ситуацијата на Патрик Шик. Германскиот тим има рок до 15. јуни да го откупи неговиот договор за сума од 29 милиони евра.

Џерард открива: Го барале Челзи, Реал и Баерн – имало и сериозни разговори! (тука)

Aгентот на Бејл, Џонатан Барнет потврди: Герет нема да замине во зимскиот преоден рок!

Нови вести за Жедсон! Можеби звучи чудно но Вест Хем ги победи Јунајтед и Челзи во трката! Барем така пренесуваат сите поголеми англиски медиуми.

Околу Јанг настана хаос! Не сака да тренира и да игра за Јунајтед, сака само во Интер. (тука)

Карлос Алења не би одбил трансфер во Реал Мадрид. (тука)

Низ италијанските медиуми денес започна да се пишува дека Интер ќе влезе во трка со Јувентус за талентираниот Сандро Тонали. Тонали прикажува одлични игри во Бреша и подолго време важи за наследник на Пирло во италијанскиот фудбал. (тука)

Челзи испратил понуда за Тома Лемар. Понудата на Челзи е шест милиони евра за позајмица и откуп за 60 милиони евра на лето.

Милан има нова мета – Кристенсен од Челзи! (тука)

Тотенхем наводно е спремен да понуди 35 милиони евра за Пјонтек (тука)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…