Криштоф Пјонтек минатата сезона беше вистинска сензација во Серија А, но оваа сезона се вклопи во „сивилото“ на Милан.
Полскиот напаѓач игра слабо оваа сезона, а после доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ сигурно неговата минутажа драстично ќе се намали.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради тоа Милан е спремен да го продаде, а веќе почнаа да пристигнуваат првите понуди. Астон Вила е првиот клуб кој испрати понуда, но сега во трката за Пјонтек се приклучи и Тотенхем.
Мурињо е во потрага по централен напаѓач кој ќе може да биде алтернатива за Кејн, особено сега откако Англичанецот е повреден.
„Спортмедиасет“ пренесува дека Тотенхем веќе стапил во контакт со Милан и е спремен да понуди 35 милиони евра, сума која ќе ги задоволи апетитите на „росонерите“.
#Milan: anche il #Tottenham a caccia di #Piatek.
— SportMediaset.it (@Sport_Mediaset) January 8, 2020
Gli Spurs rilanciano l'offerta dell'Aston Villa per il polacco: #Mourinho lo vuole per sostituire l'infortunato #Kane.#SportMediaset https://t.co/ZzUhtXuqLg pic.twitter.com/9lJqKUifFh