Дома Фудбал Англија Џерард открива непознати детали: Челзи, Баерн и Реал го сакале – имало сериозни разговори!

Џерард открива непознати детали: Челзи, Баерн и Реал го сакале – имало сериозни разговори!

Легендарниот играч за врска на Ливерпул Стивен Џерард ја откри позадината на приказната дека во текот на неговата кариера бил мета на голем број европски гиганти.

Џерард сега е тренер на Ренџерс беше на радарот на скоро секој голем клуб во Европа додека беше во најдобрите години. Во разговор со стариот пријател Џејми Каргаер, Џерард детално зборуваше за тој период од неговата кариера.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Во 2005 година изгледаше дека е блиску до трансфер во Челзи.

„Морам да го прифатам делот во кој играв и кокетирав со Челзи и егото и ладнокрвноста помеѓу мене и Рафа. Можеби со малку повеќе искуство ќе избегневме некои проблеми. Денес не жалам што не преминав во Челзи“.

Реал Мадрид сакал да направи проблеми за Ливерпул да го пушти.

„Ливерпул дојде по мене во 2010 година. Во тие моменти не можеше да не си помислиш: Замисли да играм во Реал Мадрид или за Мурињо во Лигата на шампионите. Неверојатно искуство…Реал сакаше да направам проблем во Ливерпул за да ме пуштат. Тоа беше единствениот начин на кој нешто можеше да се случи“.

Карагер во тој момент додаде:

„Капитену, се сеќавам дека еднаш кога го победивме Реал со 4:0, Раул те праша: Доаѓаш ли?“, Џерард му одговори:

„Не сум сигурен дали тоа било некое убедување, но дека имаше такви ситници имаше. Имаше малку кокетирања. Не е ни важно сега“.

Челзи и Реал не биле единствени и Баерн се обидел…

„Швајнштајгер ја завршуваше својата авантура во Баерн и имавме неколку сериозни телефонски разговори. Што мислиш за Баерн? Колку е голема Баерн…Замислуваш како е да играш таму. Тогаш си помислив. Застани! Ти си капитен на Ливерпул зошто да одиш таму? Ти веќе играш во голем клуб“, зборуваше Џерард.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ го известил Реал дека сака да остане во клубот

Лука Модриќ еден од најзаслужните фудбалери на Реал Мадрид за петте титули во Лигата на ша…