Арјан Адеми веќе цела деценија го носи дресот на хрватски Динамо Загреб каде што е и капитен, а сега шпанските медиуми, поточно „Ел Дисмарке“ пишува дека може да се пресели во Бетис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Македонскиот фудбалер на Динамо му се приклучи во 2010 години и од тогаш доби голем број понуди, меѓутоа негов избор беше да остане во Хрватска. Адеми сакаше со верноста да му се одолжи на Динамо кој го плаќеше и во текот на двегодишната суспензија.
За Бетис според информациите Адеми е план Б. Прва мета на шпансиот тим е Гуидо Родригез од Ривер Плата, но со него преговорите не одат во добра насока, па зелено-белите го избрале Адеми за алтернатива.
Доколку се случи Адеми да заигра во Ла Лига тој би бил трет Македонец во шпанскиот фудбал после Енис Барди и Александар Трајковски.