Дома Трансфер зона „До крајот на животот ќе бидам навивач на Барса, но не би одбил трансфер во Реал“

„До крајот на животот ќе бидам навивач на Барса, но не би одбил трансфер во Реал“

Трансфер од Барселона во Реал или обратно се смета за едно од најголемите предавства помеѓу навивачите на овие екипи.

Само некои фудбалери преминуваа од едниот во другиот табот, а потоа беа пречекувани како најголеми непријатели.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Младиот Карлес Алења ги помина сите категории на Барса. Тој е голем навивач на овој клуб, но бидејќи не доби прилика на „Камп Ноу“ замина на позајмица во Бетис.

Иако ја сака Барселона во разговор за „Ел Ларгуеро откри дека не би одбил трансфер во Реал.

„Не би одбил можност да играм за Реал Мадрид. Животот е полн со препреки. До крајот на животот ќе навивам за Барселона, но навикнат сум никогаш да не кажувам никогаш“, изјави Алења.

Зборуваше и за односот со Валверде.

„Валверде никогаш не ми објасни зошто не играм. Меѓутоа имавме добар однос и никогаш нема да заборавам што направи Барселона за мене“, порача Алења.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи го купува најголемиот аргентински талент

Челзи е силно заинтересиран за новиот аргентински „бисер“ и сака да ја победи конкуренција…