Двата италијански гиганти и големи ривали, Интер и Јувентус водат битка за потписот на ѕвездата на Бреша, Сандро Тонали, пренесува „Газета дело Спорт“.
Сандро Тонали важи за еден од најталентираните италијански фудбалери. Манчини му даде шанса и во сениорската репрезентација на Италија. Иако има само 19 години јасно е дека пред него е блескава иднина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Скоро сите поголеми клубови од Апенините покажаа интерес да го доведат во своите редови, меѓутоа Тонали го следат клубови и надвор од границите на Италија.
„Газета дело Спорт“ тврди дека главната битка за неговиот потпис ќе ја водат Интер и Јувентус, кои веќе работат на трансферот.
Според последните информации двата клува се спремни да платат 50 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на Бреша.
Пс останува да видиме дали „новиот Пирло“ ќе избере да ја продолжи кариерата во Милано или Торино.