Манчестер Јунајтед му понудил нов договор на Ешли Јанг!
Иако во јули ќе наполни 35 години, „црвените ѓаволи“ одлучиле да му понудат продолжување на соработката, на овој потег Англичаните се одлучиле откако интерес за неговите услуги покажа Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јанг сега ќе одлучи дали ќе ја прифати понудата од Јунајтед или пак кариерата ќе ја продолжи во Серија А.
Овој 34 годишен фудбалер е член на Манчестер Јунајтед од 2011 година. Пристигна од Астон Вила и за „црвените ѓаволи“ одигра вкупно 261 натпревар.
Оваа сезона тој настапи на 18 натпревари во сите натпреварувања и има учинок од еден гол и асистенција.
BREAKING: Manchester United have offered Ashley Young a one-year contract extension in order to fend off interest from Inter Milan.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 9, 2020