Во Инстаграм разговор легендите на италијанскиот фудбал, Фабио Канаваро и Франческо Тоти зборуваа за Џанлуиџи Буфон кој им пркоси на годините и нема намера да престане со активното играње фудбал.
Иако неодамна наполни 42 години Буфон и понатаму е на „Алијанц стадионот“ и Јувентус смета на него.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ти кажувам, Џиџи сака да игра до 50 години. Меѓутоа тој може да игра уште две или три сезони, без оглед дали е на голот или е резерва“, зборуваше Тоти, па Канаваро додаде:
„Тој нема да престане, ќе мора да го натераат на такво нешто“.
Буфон после почетокот на кариерата во Парма каде што остави печат премина во Јувентус во 2001 година за во сезоната 2018/2019 да игра во ПСЖ. Пред актуелната сезона се врати во Торино да биде резерва на Војчех Шчесни. Неодамна во италијанските медиуми се пишуваше дека ќе го продолжи договорот до 2021 година.