Македонија е во европскиот крем, ќе игра на Европското првенство наредното лето, Грузија беше победена во финалето.
Иван Тричковски кој го носи дресот на АЕК Ларнака во интервју за грчкиот медиум „Газета.гр“ им објасни на Грците како Македонија за пет години се претворила во победнички тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„20 години ние не бевме ниту блиску до ЕП, а сега ќе играме на него. Во минатото не се надевавме дека можеме да оствариме вакво нешто. Пред пет години бевме 100 места полоши на ФИФА од сега, ова е историја и треба да уживаме. Нема да застанеме, секој сега ќе не гледа со респект. Со доаѓањето на Игор Ангеловски и враќањето на Пандев во репрезентацијата започнавме да градиме победнички карактер“.
Тричко зборуваше и за Пандев.
„За Пандев можеме да зборуваме со денови и пак да останат недокажани работи. Тој во Македонија е фудбалски бог, легенда. Освои се во кариерата и толку многу сакаше да игра со Македонија на ЕП, излезе на теренот и на свои плеќи го изнесе мечот, постигна гол и не одведе на ЕП“, изјави Тричковски.