Трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед не е единствениот кој се наоѓа под лупа на ФИФА.
Од светската куќа на фудбалот се сомневаат и во бројни нерегуларности при трансферот на Роберто Фирмино од Хофенхајм во Ливерпул.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Спорно е што сумата која германскиот клуб требаше да ја заработи од продажбата на одличниот Бразилец беше околу 29 милиони фунти, но на Хонфенхајм му припаднаа само 5.8 милиони фунти.
Според информациите до кои дојде ФИФА, остатокот од сумата и припаднал на агенцијата која е во сопственост на сопственикот на Хофенхајм и милијардерот Диетмар Хоп.
Треба да се спомене и дека Ливерпул е ослободен од било какви одговорности бидејќи е утврдено дека англискиот клуб работел чисто.