Дома Останати Tрагедија: Боксер почина среде меч од срцев удар

Tрагедија: Боксер почина среде меч од срцев удар

Во последниот викенд продолжи низата спортски трагедии кои се случуваа во изминатиот период. Во Германија почина боксер и тоа на сред меч од срцев удар.

Муса Јамак, 38-годишниот боксер со турско потекло во Минхен за жал го имаше неговиот последен меч во кариерата. Трагедијата се случила на почетокот на третата рунда кога Јамак колабираше и падна на подот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Салата се испразнила, а јажињата во рингот биле одврзани за докторите да му помогнат. Сепак, болничарите поради гужвата која ја направиле навивачите стигнале предоцна за да можат да го спасат несреќниот Јамак, ова се информациите според полицискиот извештај.

Од друга страна тренерите на починатиот боксер имаат поинаква верзија.

„Не се случуваше се како што е опишано во извештајот. Гледачите беа тие кои му пружија прва помош, потоа сами се обидувавме да го спасиме додека ги чекавме болничарите. Јажињата самите ги тргнавме, а полицијата беше агресивна и викаше на нас. Нашиот брат загина во рингот, а тие ни викаа да си одиме и не навредуваа“, изјавиле од стручниот штаб на Муса.

Во кариерата која ја започнал на само 12-годишна возраст Муса б ил непоразен на 75 мечеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…