Дома Фудбал Судот ја одби жалбата: Фудбалер на Реал Мадрид може да заврши пет години во затвор?!

Судот ја одби жалбата: Фудбалер на Реал Мадрид може да заврши пет години во затвор?!

Раул Асенсио се соочува со казна до пет години затвор поради дистрибуција на малолетнички порнографски видео снимки.

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид Раул Асенсио сè уште е под истрага за неговата вмешаност во дистрибуцијата на сексуално експлицитни видео снимки на кои се појавува девојка која имала 16 години. Оваа информација доаѓа од „El Confidencial“.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Да потсетиме, во есента 2023 беа уапсени четворица играчи од младинските селекции на Реал Мадрид. Жртвата тврдеше дека не дале дозвола за снимање, а нејзините адвокати потенцирале дека фудбалерите знаеле дека една од жртвите е малолетна.

Асенсио бараше да се повлечат обвинувањата против него, но судот во Лас Палмас ја одби неговата молба. Судовите истакнаа дека Раул е виновен не само за откривање тајни на други лица, туку и за дистрибуција на детска порнографија. Затоа 21-годишниот Шпанец може да се соочи со затворска казна од една до пет години.

Претходните извештаи укажуваа дека положбата на Раул во случајот се промени од „осомничен“ во „сведок“ откако успеал да обезбеди докази дека не бил присутен на местото на настанот за време на инцидентот и дека се придружил дури подоцна, наводно убедувајќи ги своите пријатели да ги избришат видео снимките.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс призна: Евертон е далеку од нивото на Ливерпул

Во сенка на натпреварите во Лигата на шампионите, вечерва во Ливерпул ќе се одигра градско…