Дома Фудбал Судеше финале во Лигата на шампионите во 2024 година, па целосно исчесна – сега откри кој стои зад целата приказна!

Судеше финале во Лигата на шампионите во 2024 година, па целосно исчесна – сега откри кој стои зад целата приказна!

Нејц Кајтазовиќ долги години беше дел од тимот на познатиот словенечки судија Славко Винчиќ.

Беше ВАР судија на финалето на Лигата на шампионите 2024 година помеѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд, а потоа целосно исчезна! Така изгледа шокантниот пад на словенечкиот судија Нејц Кајтазовиќ, кој конечно реши да зборува:

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


“Мојата судиска кариера е завршена, постигнаа што сакаа. И покрај тоа што имам искуство и знаење, и што сакам да помогнам, не можам веќе да бидам ни контролор ни ментор на помлади судии”, изјави во големото интервју за Nogomania.

Само пред година дена беше ВАР судија на финалето во Лигата на шампионите, а потоа наполно исчезна од сцената! Објасни што всушност се случило:

“Сѐ започна со лажна медиумска приказна дека сум бил наводно нечесно отпуштен од училиштето поради патни трошоци, што не е вистина и имам доказ за тоа. Друго, последното коло, единствена утакмица на Копер каде како ВАР судија отповикав пенал.

Трето, натпреварот Копер – Целје, кога како ВАР судија не досудив пенал за Копер, по што одделни лица упаднаа во соблекувалната. Очекуваа да го пријавам случајот на полицијата, но кога прашав дали ќе помагаат и ќе стојат зад мене – настана тишина.”

“Четвртото беше пријателски меч на кој погрешив”, изјави.

Станува збор за пријателски натпревар на младинските селекции на Словенија и Австрија каде призна гол, ја видел топката во мрежата, но помошниот судија не беше сосема сигурен:

“Ја гледав снимката на полувремето, сфатив дека сум направил грешка. Тоа и го признав. По натпреварот почнаа да се појавуваат работи – анонимен текст на некој интернет портал во кој авторот ме обвинува за спорни и сомнителни одлуки во неколку медиуми.

Еден медиум тоа некритички го пренесе, а дознав дека приказната била понудена на други редакции кои не поверувале во неа. Создаден е наратив чија цел беше да ме дискредитираат”, објасни.

Тврди дека очекувал барем привремена суспензија, а имал само многу кус разговор со претседателот на судиите Дејвид МекДауел:

“Имав само еден многу краток разговор со претседателот на НЗСС Дејвид МекДауел, кој ми рече дека за него мојата грешка била намерна… Потоа ме информираа дека треба да ја вратам опремата… Во јануари дознав од медиумите дека повеќе не сум на листата на судии, а во мај ме повика полицијата.”

Целиот случај го истражуваше и полицијата поради наводно местење на резултати:

“Цело време знаев дека станува збор за измислици, а тоа го утврди и полицијата. НЗСС поднесе пријава, полицијата истражуваше наводно местење на резултати во четири натпревари од крајот на септември до мај. Собраа податоци, испрашуваа различни лица, вклучително и мене, заедно ги гледавме снимките… На крајот заклучија дека сум невин и случајот е затворен.”

Кајтазовиќ открива кој би можел да стои зад сето:

“Мислам дека знам. Тоа е поранешен меѓународен помошен судија кој, од нејасни причини за мене, решил да ја уништи мојата кариера. Во тоа успеа.”

Тоа секако оставило трага и на него и на семејството:

“Сега сум стигматизиран како крадец. Тоа влијае и врз моето семејство, моите деца, а јасно е и на мене. Не станува збор само за тоа што повеќе не судам, аплицирав за работа, речиси бев примен, но кога го прогуглаа моето име и видоа негативните написи, знаете што следеше”, раскажа.

“Нема да се откажам, имам докази и чиста совест”, порача за крај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рамос пред крај на кариерата потпишува за еден од најголемите клубови на светот?!

Серхио Рамос ќе ја продолжи својата кариера во Европа и како што изгледа, многу брзо би мо…