Дома Фудбал Страшна трансформација: Јамал стана мускулеста ѕверка и тоа повеќе не го крие ФОТО

Страшна трансформација: Јамал стана мускулеста ѕверка и тоа повеќе не го крие ФОТО

Не е лесно да пораснеш под светлата на рефлекторите, а уште е потешко кога си генерациски талент кој го следат милиони и кога секој твој чекор може да ја насочи кариерата во сосема друг правец.

Ламин Јамал, чудото од Ла Масија и моментално еден од најсветлите драгули на Барселона, уште како тинејџер ја предводеше Шпанија до титулата европски првак, и тоа како средношколец. Неговите потези веќе подолго време предизвикуваат внимание во светот на фудбалот.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Но, она што многумина не го забележаа е импресивната физичка трансформација низ која помина за само две години.

Јамал се појави на сцената како слаб младич со магија во нозете, но денес изгледа сосема поинаку – атлетски изграден, со видливо развиена мускулатура, која повеќе не ја крие, туку со гордост ја истакнува.

Мнозина веруваат дека зад таа трансформација стои новиот тренер на Барселона – Ханси Флик. Неговиот тренерски стил веќе е познат по тоа што физичката подготвеност ја става во фокус, а слично се случи и со Леон Горецка во Баерн, иако тогаш Горецка беше нешто постар од Јамал.

Оваа промена не само што го прави Јамал посилен на теренот, туку дополнително ја зголемува неговата сериозност како еден од водечките млади играчи во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постекоглу веќе не го спасува ниту – Лигата на Европа!

Ангелос Постекоглу ќе заврши брзо како тренер на Тотенхем.  Дури и во случај да освои троф…