Дома Фудбал Страшен тим: На Гатузо во Италија ќе му помагаат поранешни светски и европски шампиони!

Страшен тим: На Гатузо во Италија ќе му помагаат поранешни светски и европски шампиони!

Легендарниот италијански фудбалер Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван како новиот селектор на фудбалската репрезентација на Италија, објави Фабрицио Романо.

Се вели дека поранешниот тренер на Хајдук постигнал договор со Италијанската федерација и наскоро ќе биде јавно објавено дека овој славен играч од средината на теренот ќе го преземе кормилото на Азурите.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Гатузо ќе го наследи Лучијано Спалети, кој доби отказ откако неговиот тим претрпе пораз со 3:0 во Осло од Норвешка.

Минатата сезона Гатузо го водеше Хајдук до третото место во ХНЛ, а во својата кариера ги предводеше Милан, Валенсија и Олимпик Марсеј. Единствениот освоен трофеј му е купот со Наполи во 2020 година.

Негови асистенти ќе бидат Леонардо Бонучи, Андреа Барцали и Џанлука Замброта, кои беа негови соиграчи во славните времиња на теренот.

Да додадеме дека нов директор на репрезентацијата ќе стане Чезаре Прандели, поранешен селектор на Азурите кој денес има 67 години, а ја водеше Италија од 2010 до 2014 година.

Фото: Hajduk Split/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим сака замена за Онана: Манчестер Јунајтед тргна по „најдобриот голман во светот“

Рубен Аморим не беше импресиониран од она што го виде од Андре Онана, па тргна во потрага …