
Големата американска скијачка ѕвезда Линдзи Вон доживеа сериозен пад за време на спустот во Кран Монтата, последната трка пред Зимските олимписки игри, што предизвика загриженост кај навивачите и спортската јавност.
Трката се претвори во серија на падови – по Нина Ортлиеб и Марта Монсен, истата несреќа ја снајде и Вон, која започна со стартен број 6. Камерата не успеа да ја следи до крај – заврши во безбедносната мрежа и не можеше да се извлече од таму без помош на стручниот персонал.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
“Тежок момент. Целиот проект за враќање и борбата за олимписко злато сега се доведени во прашање. Последниве две години направи се за да се врати,” изјави коментаторот на ZDF, Марко Бихел.
Вон го загуби балансот уште во горниот дел на патеката после скокот.
“Нејзиниот тежишен центар беше премногу наназад, притоа создавајќи голем притисок врз внатрешната скија, што доведе до губење на контрола и пад на грб,” објасни Бихел.
И покрај тоа што хеликоптерот беше подготвен за итен транспорт, Вон успеа сама да се спушти до подножјето на патеката, иако претходно изгледаше како да нема сериозни повреди. Публиката тоа го поздрави со силен аплауз, а на крајот ја чекаше колешката Жаклин Вајлс со голема прегратка.
Сепак, дополнителни лекарски прегледи ќе покажат дали има последици.
Поради лошите услови – слаба видливост и несигурна патека – организаторите ја прекинаа трката веднаш по падот на Вон. Таа беше последната која тргна на патеката.
Коментаторот Бихел не го криеше своето разочарување:
“Не ја разбирам оваа одлука. Видливоста не е идеална, но нема магла. Спортистите беа збунети и на стартот коментираа: ‘Дали е ова некаква шега?’
Американската легенда го избегна најлошото, но останува прашањето дали нејзиното големо олимписко враќање ќе биде возможно по овој драматичен пад.