Поранешниот англиски репрезентативец Стивен Џерард повеќе не е тренер на Ал Етифак, соопшти денеска саудискиот клуб по серија од две победи и осум порази во 14 првенствени натпревари поради кои клубот остана на 12. место на табелата.
Поранешниот фудбалер за врска на Ливерпул и Англија потпиша со саудискиот клуб двегодишен договор во јули 2023 година, а потоа договорот беше продолжен за уште две години. Ал Етифак беше шести под Џерард минатата сезона, откако заврши на седмо место пред неговото именување.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
“Џерард покажа чест на клубот и затоа никогаш нема да биде заборавен. Оваа одлука, која ја почитувавме взаемно, е во најдобар интерес и за Стивен и за клубот додека продолжуваме понатаму”, рече претседателот на клубот Самер Ал Мишал.
Thank you Steven Gerrard🙏#Етифак💚❤️ pic.twitter.com/8TMWjOfNni
— Ettifaq Club (@Ettifaq_EN) January 30, 2025
Ал Етифак ја започна сезоната со три последователни победи, но потоа влезе во двомесечен период без победа, по што две победи во последните два месеца не беа доволни за да ги променат работите, а Џерард минатата недела изјави дека тој ја презема вината за падот на формата.
“Сакам да ја изразам мојата благодарност кон клубот, играчите, навивачите и сите вклучени за можноста и поддршката во текот на моето време овде”, рече Џерард. “Генерално, многу научив и тоа беше позитивно искуство и за моето семејство. Но фудбалот е непредвидлив и понекогаш работите не одат онака како што сакаме”, додаде тој.