Дома Фудбал Останато Ставре Јада го освои 89. место на крос-контри трката во Кортина (Видео)

Ставре Јада го освои 89. место на крос-контри трката во Кортина (Видео)

Како најискусен член на македонската олимписка експедиција, Ставре Јада прв го отвори настапот на Зимските олимписки игри во Кортина, појавувајќи се на денешната крос-кантри трка. Во квалификациите Јада го освои 89. место во конкуренција од 94 скијачи, со време 03:59.56, и 52 секунди за останување за првопласираниот Клаебо.

За Јада ова нема да биде единствениот настап во Кортина, бидејќи нов предизвик го очекува и на 13 февруари. Еден ден претходно, на 12 февруари со почеток од 13 часот, македонските бои ќе ги брани и Ана Цветановска, која ќе настапи на трката на 10 километри во женска конкуренција во нордиско скијање.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во алпските дисциплини, Македонија ќе ја претставува Виктор Петков, кој ќе се појави на велеслаломската трка на 14 февруари, при што првата трка е закажана за 10 часот. Ден подоцна, на 15 февруари, во истата дисциплина ќе настапи и Јана Атанасовска. Токму Атанасовска ќе го има и последниот македонски настап на ЗОИ 2026, откако на 18 февруари ќе се натпреварува и во слалом.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ника Превц се расплака поради среброто, дури и се повлекла од јавноста

Талентираната словенечка скијачка Ника Превц се најде во фокусот на јавноста откако изрази…