Дома Фудбал Статистиката е доказ: Халанд не може без Родри и Де Брујне

Статистиката е доказ: Халанд не може без Родри и Де Брујне

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, си упати критика на себе по новиот пораз на тимот, овој пат од Астон Вила.

Сити забележа трет последователен неуспех во сите натпреварувања и имаат само една победа во последните 12 натпревари. Во сивилото на тимот се приклучи и Ерлинг Халанд кој, очигледно е, не е истиот напаѓач кога на теренот не се Родри и Кевин де Брујне.


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Во последните три натпревари, Халанд имаше 19 додавања, немаше голови, асистенции, дриблинзи, клучни додавања, центаршутови, удари… Секоја статистичка колона е “нула”.

“Не ги реализирам шансите во кои се наоѓам. Не бев доволно добар. Пеп ја освои Премиер лигата шест од последните седум пати. Ќе најде решение, веруваме во него”, изјави Халанд меѓу другото после дуелот со Вила.

Халанд го дели првото место на листата на стрелци со Мохамед Салах. И двајцата имаат по 13 погодоци, но Египќанецот успат има девет асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик го загуби трпението: Го најде виновникот за поразот од Атлетико, а отпиша и една ѕвезда на Барселона

Барселона синоќа беше поразена од Атлетико Мадрид (1:2) во 18. коло од Примера. Навистина …