Легендарниот словенечки фудбалер, а сега тренер, Сречко Катанец, поднесе оставка од позицијата селектор на репрезентацијата на Узбекистан поради здравствени проблеми.
Одлуката е донесена помалку од два месеца пред квалификациските натпревари за Светското првенство 2026 година против Киргистан и Иран, а веста ја потврди Фудбалската федерација на Узбекистан.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
Шеесет и едногодишниот Катанец, кој ја водеше Словенија на Светското првенство 2002 година, ја остава узбекистанската селекција со многу добри шанси за прв пат да се пласираат на големиот спортски настан.
„Селекторот на репрезентацијата на Узбекистан, Сречко Катанец, реши спогодбено да го раскине договорот со Фудбалската федерација на Узбекистан поради здравствени проблеми“, објавија од Федерацијата на Инстаграм.
„Словенечкиот стручњак со жалење забележа дека во сегашната состојба не може да ги извршува своите должности на целосен и професионален начин.“
Словенечките медиуми известија дека Катанец боледува од рак, но тежината на болеста се уште не е позната.
Катанец ја презеде селекторската позиција во август 2021 година и го доведе Узбекистан до второто место во својата квалификациска група за Светското првенство. Тимот во моментов заостанува три поени зад водечкиот Иран, додека има три поени повеќе од третопласираните Обединети Арапски Емирати, со уште четири кола до крајот на квалификациите.