Дома Фудбал Српскиот напаѓач за кој Реал плати 63 милиони евра се сели на егзотична десстинација и ќе заработува богатство

Српскиот напаѓач за кој Реал плати 63 милиони евра се сели на егзотична десстинација и ќе заработува богатство

Лука Јовиќ (27) го напушти Милан по завршувањето на договорот, а веќе претходно се појавија информации дека тој и неговиот агент интензивно размислуваат за трансфер во актуелниот шампион на Северна Америка, мексиканскиот Круз Азул. Договорот на Јовиќ со Милан истече на 30 јуни. Клубот имаше можност за продолжување на соработката за една сезона, но таа клаузула не беше активирана.

Круз Азул, еден од најпрепознатливите клубови во Мексико, има интерес за негов ангажман. Нивната цел е да донесат познат европски напаѓач за следната сезона. Клубот нуди високи плати за играчи од Европа, но и специфична фудбалска атмосфера со огромна поддршка од навивачите и ново професионално искуство.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


“Единствено што го дели Јовиќ од Круз Азул е потребата клубот прво да ослободи место во тимот. Договорот е во сила, ќе му плаќаат пет милиони долари годишно, со двегодишен договор и милион и пол за потпис. Верувам дека Јовиќ би можел да пристигне во Мексико Сити следната недела”, изјави новинарот Цезар Кабалјеро за ESPN.

Во јануари, постоеше интерес и од Монако, чиј тренер е Австријанецот Адолф Хиттер, кој го водеше во Ајнтрахт. Јовиќ играше за клубот од Франкфурт од 2017 до 2019 година. Во сезоната 2018/2019 забележа 27 голови и седум асистенции во 48 натпревари, што му донесе трансферот на кариерата во Реал Мадрид за 63 милиони евра.

Според податоците на Transfermarkt, со овој трансфер стана втор најскап српски фудбалер во историјата, по Душан Влаховиќ, за кого Јувентус плати 83,5 милиони евра. Во мадридскиот клуб остана сезона и пол, по што се врати во Ајнтрахт на позајмица, каде под водство на Хиттер постигна осум голови и делумно ја оживеа кариерата.

По враќањето во Реал не успеа да продолжи со добри настапи. Како слободен играч во 2022 година се префрли во Фиорентина, каде забележа 13 голови во 50 натпревари. Го напушти овој клуб сезона подоцна и потпиша за Милан, кој сега не смета на него. Според Transfermarkt, вредноста на Јовиќ е 2,5 милиони евра, додека највисоката на истата платформа изнесуваше 60 милиони евра пред повеќе од пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има план „Б“: Ако не го доведе Исак, тргнува напаѓачот на големиот ривал!

Фудбалскиот клуб Ливерпул е во потрага по нов напаѓач за претстојната сезона и тоа е јавна…