Дома Фудбал Српски тим пред сензационален трансфер. Доведува играч од Кристал Палас

Српски тим пред сензационален трансфер. Доведува играч од Кристал Палас

ФК Раднички 1923 од Крагујевац се подготвува за значително засилување за претстојната сезона. Според информации кои ги објави популарниот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо, српскиот клуб планира да го донесе напаѓачот на Кристал Палас, Адемолу Ола-Адемоби.

Овој 21-годишен напаѓач со потекло од Нигерија е висок 195 см, левоног и може да игра на повеќе офанзивни позиции.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Адемоби првиот дел од минатата сезона го помина во белгискиот Беверен, каде во осум натпревари не успеа да постигне гол. Во зимскиот период се врати во лондонскиот клуб и до крајот на сезоната играше 13 натпревари, реализирајќи 12 голови и една асистенција за тимот до 21 година. За неговото потпишување има интерес и од португалскиот тим Санта Клара, па Раднички влезе директно во борба со португалските сили за неговиот потпис.

Според Трансфермаркт, вредноста на играчот е проценета на приближно 300.000 евра, сума која Раднички самостојно тешко би можел да ја плати, но можно е да вклучи процент од идната продажба во договорот. Раднички веќе ги контактираше неговите агенти, но официјална понуда се уште не е направена.

Адемоби има договор со Кристал Палас до летото 2026 година, а англискиот клуб има мотивација да го продаде за да оствари заработка. Тренерот на Раднички, Дудиќ, сака дополнително да го засили нападот за европските предизвици што следуваат, бидејќи клубот ќе учествува во квалификациите за Конференциската лига. Доведувањето на младиот и физички доминантен напаѓач би претставувало значаен чекор напред за клубот од Крагујевац. Се очекува дека резултатите од преговорите ќе бидат познати во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хит сцена: Пике со ножици го бркаше виралниот навивач на Јунајтед за да го шиша!

Франк Ајлет, верен фан на Манчестер Јунајтед, е еден од најпознатите интернет феномени во …