Дома Фудбал Среќна вест за Флик, Барселона посилна во клучниот период

Среќна вест за Флик, Барселона посилна во клучниот период

Играчот за врска на Барселона, Дани Олмо од денеска повторно е во полн тренажен процес.

По тринеделна пауза, Олмо се враќа во составот и би можел да заигра во четврток на гостувањето кај Валенсија во осминафиналето од Купот на кралот.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Ова е одлична вест за Ханси Флик пред клучните борби на сите три фронта.

Наскоро се очекува и враќањето на Андреас Кристенсен, додека сезоната веќе ја завршија од претходно повредените Марк Андре тер Штеген и Марк Бернал.

Со враќањето на Олмо, Ханси Флик ќе биде во слатки маки, бидејќи сега тука се – тој, Фермин Лопес, Гави, Педри, Френки де Јонг.

Барса во четврток гостува кај Валенсија во Купот на кралот, потоа во недела игра со Севиља, па го пречекува Рајо Ваљекано, и на крајот од февруари гостува кај Лас Палмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…