Дома Фудбал Србин кажа дека сака да игра за Косово: Животот му стана пекол

Србин кажа дека сака да игра за Косово: Животот му стана пекол

Веќе долго време Србија и Косово не играат една против друга во ФИФА и УЕФА натпреварувања, а често се случува спортските тимови од Србија да не сакаат да се натпреваруваат со косовските.

Еден фудбалер сакаше да ги помести границите, па како Србин покажа желба да настапува за репрезентацијата на Косово.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Пред десетина години младиот Александар Шошиќ тренираше во Дрита од Гњилане и во една прилика изјави дека би сакал да игра за Косово.

“Најдоброто е што сите го разбираме фудбалскиот јазик, кој е универзален. Еден ден, кога ќе се смират работите, би играл за Косово, зошто да не”, рече тогаш Шошиќ за весникот Зери.

“Имав неколку понуди од Србија, но јас сум од Косово и не ми се напушташе семејството. Одлично сум прифатен во новиот клуб, иако на почетокот не го знаев јазикот.”

“Сепак, некои соиграчи знаеа српски, па малку ме научија на албански изрази, така што сега комуницираме”, кажуваше тој во тоа време.

“По притисоците, го затворив Facebook, бидејќи добив многу закани и пораки од разни луѓе, па го држев затворен три часа. Повторно го активирав откако тензиите се намалија”, нагласи фудбалерот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија остана без еден од најважните фудбалери!

Од редовите на Шкендија утрово изненадувачки потврдија дека ја прекинуваат соработката со …