Дома Фудбал Останато Србија по скандалот останува без олимписки медал кој ќе биде доделена на – Хрватска!

Србија по скандалот останува без олимписки медал кој ќе биде доделена на – Хрватска!

Поранешниот репрезентативец на Србија во борење Зураб Датунашвили е во центарот на нов скандал и дефинитивно ќе му биде одземен олимпискиот медал кој во 2021 година го освои во Токио за Србија.

Борачот со потекло од Грузија, кој долго време настапуваше за Србија, неодамна е суспендиран на пет години поради допинг скандал. Антидопинг одделот на спортската арбитража (CAS ADD) одлучи дека борецот Зураби Датунашвили ќе биде суспендиран на пет години од спортот.


Патот на Македонија до СП 2026!? Никогаш не било полесно! ↓↓↓


Исто така, на Датунашвили му се одземени сите резултати постигнати по 27 мај 2021 година, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Токио одржани во текот на летото 2021 година на кои освои бронзен медал.

CAS ADD официјално објави дека Датунашвили направил кршење на антидопинг правилата користејќи забранета метода на манипулација со примероци на урина.

Бидејќи Датунашвили го совлада хрватскиот борец Иван Хуклек во борбата за бронза, постојат големи шанси Хрватска накнадно да го добие олимпискиот медал, бидејќи тоа е пракса која Меѓународниот олимписки комитет ја признавал кога допинг скандали станувале јавни. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски не му дал ниту бод на Винисиус во гласањето на ФИФА

Вечерва во Доха се одржа изборот на најдобрите во светот на фудбалот за 2024 година според…