Дома Останати Кошарка Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Срамно: Вечерва намерно запален баскет теренот во Радишани (Видео)

Вечерва во Радишани се случил инцидент во кој намерно бил запален теренот кој важи за еден од најдобрите во Македонија.

Станува збор за терен кој ги исполнува сите ФИБА стандарди.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Видеото од инцидентот го објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

„Вечерва е намерно запалена баскет подлогата на игралиштето во Населба Радишани. Станува збор за едно од најубавите баскет игралишта во државата. Терен покриен со сертифицирана подлога за баскет од ФИБА. Мала среќа што чуварот на училиштето и совесни граѓани случајно виделе како гори подлогата. Огнот е изгаснат, а штетата не е преголема за среќа. Друго ништо не би кометирал, немам зборови“, стои во објавата на Костовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

НБА ги казни кошаркарите од Феникс и Њу Орлеанс поради тепачка среде натпревар (Видео)

НБА-лигата донесе казни за кошаркарите на Феникс и Њу Орлеанс, Марк Вилијамс и Хозе Алвара…