Дома Останати Тенис Срамни коментари на Џон Мекинро – го уверуваше светот дека Ѓоковиќ „глуми“!

Срамни коментари на Џон Мекинро – го уверуваше светот дека Ѓоковиќ „глуми“!

Ѓоковиќ го предаде полуфиналниот дуел на Австралија опен откако го загуби првиот сет на тајбрејк, по маратонска борба.

Србинот од „Род Лејвер арената“ беше испратен со свирежи, а за таа атмосфера во која беше создаден наративот дека Ѓоковиќ „глуми“ и не е повреден, многу придонесоа медиумите.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Еден од тие кои не веруваа во повредата на Ѓоковиќ е и повеќекратниот грен слем шампион Џон Мекинро.

Иако секогаш позитивно го коментираше Ѓоковиќ, во четвртфиналето против Алкараз, кога Србинот токму тогаш и се повреди, имаше лош коментар.

„Ова не е првпат да ја гледаме оваа тактика“, рече Мекинро и му додаде на Шпанецот да не се “залажува”.

За да биде полошо, Мекинро не поверува во повредата на Новак ниту против Зверев.

„Движењето на Новак е импресивно. Не изгледа дека е повреден“, рече Американецот како коментатор на мечот, „Не сум сигурен каков е планот, но јасно ми е дека Новак добро се движи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

„Марка“: Ѓоковиќ стана непријател број „еден“ на Србија!

Србијаа, поточно нејзината влада и претседателот, повторно се на мета на негативна критика…