
Фудбалерите на Ливерпул го завршија натпреварувањето во Лигата на шампионите за оваа сезона, губејќи на свој терен од Париз Сен-Жермен по пенали.
Поранешната ѕвезда на Париз Сен-Жермен немаше баш најдобра ноќ на овој натпревар, бидејќи беше исфрлен од стадионот пред да заврши натпреварот.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Францускиот гигант го обезбеди пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите по подобро изведување пенали, елиминирајќи го Ливерпул на нивен терен.
Иако после првиот натпревар заостануваа со еден гол, успеаја да извојуваат победа во регуларниот дел од натпреварот, а на крајот продолжија понатаму во следната фаза на натпреварувањето.
Единствениот гол во регуларниот дел од средбата го постигна Усман Дембеле во 12. минута, кој ја искористи големата грешка на играчот на Ливерпул Ибрахима Конате.
И двете екипи до крајот на натпреварот имаа шанси да постигнат гол и да извојуваат победа во продолженија, но и Алисон и Донарума беа на висина на задачите.
Така натпреварот беше решен по пенали, а трагичари кај домашниот тим беа Дарвин Нуњес и Куртис Џонс на кои Донарума им одбрани пенали.
Навивачите на ПСЖ славеа за време на пеналите, но и откако судијата го свиреше крајот, но еден од навивачите не беше присутен.
Се работи за поранешната ѕвезда на овој клуб кој не можеше да слави со играчите и навивачите бидејќи беше исфрлен од стадионот.
Имено, како што тврди „Канал+“, поранешниот напаѓач на ПСЖ Жереми Менез беше исфрлен од „Енфилд“ откако навивачите го препознале на домашната трибина.
Менез во 2011 година потпиша за Париз Сен-Жермен, одигра 110 натпревари во три сезони во овој клуб и постигна 19 голови.
Тој освои две титули во домашното првенство со ПСЖ, а во 2014 година кариерата ја продолжи во Милан.
Инаку, Менез работи за „Канал+“ и постојано е на разни натпревари од Лигата на шампионите.
Тој се фотографираше со неколку навивачи на ПСЖ пред „Енфилд“ пред почетокот на натпреварот, а токму таму го дочека и крајот на натпреварот.