Дома Останати Ракомет Срам и фијаско: Во Норвешка разочарани по шокантниот пораз на стартот од Мундијалот

Срам и фијаско: Во Норвешка разочарани по шокантниот пораз на стартот од Мундијалот

Во време кога играа хрватските ракометари, се играа уште три натпревари на Светското првенство во ракомет. Покрај очекуваната победа на Германија над Полска, Бразил приреди сензација поразувајќи ја Норвешка на нивни терен со резултат 29:26. Поразот во Норвешка беше доживеан катастрофално, а медиумите не ги поштедија своите играчи.

„Дури ни кралот не можеше да им помогне на норвешките ракометари, кои имаа почеток од кошмар на првенството – срамен пораз. Изгледаа премногу импресионирани на својот терен“, стои во написот на норвешката телевизија TV 2.


Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓


„Норвешка доживеа фијаско на отворањето на Светското првенство. Драматично загуби од Бразил. Кралот беше во публиката, но сè заврши со срам“, пишува норвешкиот медиум VG.

„Ова е големо разочарување. Игравме против добра екипа, но јасно е дека сакаме добар почеток кога играме пред седум или осум илјади свои луѓе. Сега имаме нож под грлото, мора да победиме во сите преостанати натпревари“, изјави Сандер Сагосен, најголемата ѕвезда на Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Кузмановски: Овој бод му го посветуваме на Јовиќ

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, освоениот бод синоќ…