Дома Останати Кошарка Спектакуларно забивање во НБА како на „ол-стар“ натпревар – погледнете ја реакцијата на Дончиќ! (Видео)

Спектакуларно забивање во НБА како на „ол-стар“ натпревар – погледнете ја реакцијата на Дончиќ! (Видео)

Центарот на Лос Анџелес Лејкерс, Џексон Хејс, во дуелот против Чикаго Булс приреди забивање кое ретко се гледа и ги воодушеви сите љубители на кошаркарската игра.

На само три минути до крајот на натпреварот, Хејс украде топка на својата половина и сам тргна во контра, завршувајќи со спектакуларно изведено забивање.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Хејс изведе “East Bay” забивање, каде при отскок топката ја поместува меѓу нозете.

Оваа акција ги импресионираше сите, вклучувајќи го и Лука Дончиќ, кој не можеше да ги сокрие своите емоции додека го следеше третиран потег кој се гледа на натпревари за вештини на All-Star.

Лејкерси успеаја да триумфираат над Булс како гости со резултат 129:118, а најдобриот поединец на теренот беше Лука Дончиќ, кој заврши со 46 поени, 7 скока и 12 асистенции.

Хејс го мина на теренот 23 минути и постигна 8 поени со 4 скока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лука Дончиќ е од друга планета: Магична ноќ на Словенецот во Чикаго (Видео)

Лука Дончиќ ја одигра својата најдобра сезона во победата на неговите Лејкерс против Чикаг…