Дома Фудбал Спектакл во Турција: Вака изгледаше натпревар од четврта лига! (Фото+Видео)

Спектакл во Турција: Вака изгледаше натпревар од четврта лига! (Фото+Видео)

Импресивни сцени беа забележани во четвртата фудбалска лига во Турција, каде што навивачите на Бурсаспор поставија рекорд со присуство од 45.000.

Оваа посетеност е апсолутен рекорд за четвртиот ранг на натпреварувања во Турција и се случил на натпреварот против Борнове 1877. Натпреварот заврши со победа на домаќините со резултат 4:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Освен што приредија неверојатни сцени, навивачите после натпреварот имаа и големо славје бидејќи клубот обезбеди титула и враќање во третата лига на турскиот фудбал, што е само еден од чекорите во опоравувањето на некогашниот првак на Турција.

Да потсетиме, Бурсаспор во 2010 година беше првак на Турција и следната сезона го гледавме во Лигата на шампионите. Сепак, големи проблеми со финансиите и долговите ја запечатија судбината на клубот.

Клубот прво отпадна во втората лига во 2019 година, а потоа по три сезони отпадна и во третата лига. Неможноста да ги платат долговите на играчите доведе до забрана за носење засилувања, а клубот за прв пат отпадна во четвртата лига на 7 април 2024 година.

Сега започна опоравувањето. Инаку, стадионот на Бурсаспор, кој го носи името Ценитенјал Ататурк, е еден од најатрактивните во фудбалскиот свет.

Стадионот беше изграден во периодот од 2010 до 2015 година и е познат по тоа што неговата екстериер содржи голема глава на крокодил прикачена на северниот крај на стадионот. Изработена е од бел и зелен политетрафлуороетилен.

Стадионот во повеќе наврати аплицираше за домаќинства на европски и светски првенства, а на крајот, последната понуда беше успешна. Стадионот во Бурса ќе биде еден од домаќините на Европското првенство во 2032 година, кое ќе се одржи во Турција и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…