
Патиките на Новак Ѓоковиќ со кои го надмина рекордот на Роџер Федерер од 310 недели на врвот на АТП листата, се ставени на аукција.
Станува збор за „Асикс“ патики на кои пишува „311“, објави компанијата Катаваки која е задолжена за продажбата.
Се решава титулата во Серија А! Интер или Наполи!? ↓↓↓
Почетната цена е 1.500 евра, а се очекува да се зголеми на 10-15.000 евра.
Постојат три вакви пара, а најдобриот тенисер на сите времиња ги има потпишано сите три. Еден од двата што веќе се продадени сега е на аукција, а третиот е во сопственост на Новак.
“Оваа аукција им нуди на љубителите на спортот шанса да купат автентичен дел од историјата. Овој пар патики никогаш не е носен, тој не е само сувенир, туку неверојатен артефакт на историјата. Со овој начин сакаме да го прославиме јубилејот на еден од рекордите на легендарниот Ѓоковиќ”, истакна Ана Марија Кровиг, поранешна професионална велосипедистка, а сега експертка за спорт во Катаваки.