
Обидот на Том Аспинал да ја одбрани титулата во тешка категорија во УФЦ заврши на најлош можен начин, со нерешен исход и тешка повреда.
Главниот меч на УФЦ 321 заврши предвреме, поради нападот на Сирил Ган кој ги повреди очите на Аспинал, предизвикувајќи негодување кај публиката во Етихад Арена. Состојбата на Аспинал во моментов буди загриженост.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Информациите за повредата беа споделени од неговиот татко и тренер, Енди Аспинал, во објавено видео на нивниот Јутјуб канал. Стариот Аспинал ги отфрли критиките на оние кои ја ставија под сомнеж сериозноста на повредата, сугерирајќи дека британскиот натпреварувач барал излез од борбата.
Тврдењата ги отфрли решително, истакнувајќи ги тешките последици со кои се соочува неговиот син. По враќањето во Англија, Том беше подложен на нов медицински преглед и резултатите не се охрабрувачки. Иако за сега не се гледа трајно оштетување, состојбата од сабота навечер само се влошува.
„Лошо е. Очите му се полузатворени и видно поле му е се повеќе намалено. Со десното око не гледа ништо, и вели дека се што гледа е сива сенка. На левото, видот му е 50%, не може да ги препознае буквите на прегледот. Едното око е навистина, навистина заматено, а другото и понатаму не функционира.“
Татко му додаде дека викендов ќе мора да бидат направени дополнителни тестови, вклучително и компјутерска томографија, за да се провери дали има оштетување на коската.