Дома Фудбал Состанокот заврши, Де Лаурентис го убедил Конте да размисли уште некое време

Состанокот заврши, Де Лаурентис го убедил Конте да размисли уште некое време

Состанокот помеѓу претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис и Антонио Конте заврши. Според “Скај Спорт Италија” шефот на “партенопеите” го убедил тренерот да размисли уште неколку дена пред да ја донесе конечната одлука.

Разговорите, кои се одржаа во куќата на претседателот, траеле околу три часа. Присуствувале и сопругата на Конте, спортскиот директор Џовани Мана и потпретседателот Едоардо Де Лаурентис.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Во последните два дена медиумите во Апенините тврдеа дека Конте веќе одлучил да го напушти Наполи и дури започнал преговори за враќање во Јувентус. Во исто време се тврдеше дека Де Лаурентис постигнал договор со Макс Алегри за двегодишен договор со плата од 6 милиони евра по сезона. Сега, сепак, “Скај Италија” информира дека двете страни се согласиле да си дадат уште малку време пред да донесат какви било одлуки.

Според информациите, сопругата на Конте Елизабета исто така прави сè што може за да го убеди стручњакот да остане во Неапол. Играчи и тие исто така инсистираат тој да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест во Аргентина, почина легендарниот фудбалер и татко на играчот кого многумина го обожуваа

Светот на фудбалот се прости од една од своите автентични фигури – Хуан Рамон Верон, неког…